Атина | 1-ви Мај
Опис
Атина – град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен
Вклучено/Исклучено
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед со водич
- Организација на аранжманот и пратител на групата
- Трансфер од Штип
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативи и Влезници
- Туристичка такса
- Индивидуални трошоци
Факултативи
- Посета на Пелепонез – 45€
- Екскурзија на Сунион и Аполоновиот брег (задолжителна) – 15€
- Акропол – 20€, Микена – 12€, Епидариус – 12€ и Посејдонов храм – 10€;
Дополнителни Трошоци
- Трансфер од Штип – 10€ во правец по лице
- Туристичка такса – 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Поволности
План за реализација
Состанок на групата пред хотел Русија во 20:30 часот. Поаѓање за Атина во 21:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица-Евзони. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Сантагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадио, Храмот на Зевс, Хадријановата врата, Бајроновиот споменит, Националната библиотека, универзитет...). Посета на Акропол што во превод значи град на рид, што е симболот на градот. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. По посетата сместување во хотел. Слободно попладне. Наша препорака е максимално да го искористите времето во Атина и што помалку да бидете во хотел. Препорачуваме да талкате низ улиците на Плака, најстариот дел од Атина и денес еден од најтуристичките населби која се наоѓа во близина на Акропол. Шармантно место со калдрми и стари улици, област каде може да најдете многу мали продавници со типични сувенири и барови со храна типична за градот. Не смеете да го пропуштите и квартот Монастираки, доста живо место идеално за шопинг. Фантастичен поглед кон Акропол можете да најдете од барот Couleur Locale, што се смета и за романтичен ресторан па доколку се одлучите да го посетите препорачуваме да направите резервација со време. Време за одмор. Ноќевање.
Појадок. Целодневна екскурзија. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел 11 од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува и се посетува најголемиот и најдобро сочуваниот приметок на класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар!Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последнитередови. Не верувате? Ви препорчуваме да го посетите и да се уверите. Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците сопоголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998година е под заштиа на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични грќки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Последното место за овој ден е предвиден за градот Микена кој е најважните археолошки локалитети во Грција. Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за време на Тројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и секако градот Нафплио. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. После појадокот заминување на екскурзија. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Location
Find a route from your location
Слична Понуда
- Quality3.33
- Location4
- Amenities3.67
- Services3
- Price4
Greece, Italy, Switzerland and Paris
- Quality4
- Location3.67
- Amenities3.33
- Services4
- Price4.33
The Metropolitan Museum Art
- Quality4
- Location3.67
- Amenities2.67
- Services4.33
- Price4.67
Rainbow Mountain Red Valley
- Quality4.67
- Location3.33
- Amenities3.67
- Services3.67
- Price5
Los Glaciares & Fitz Roy Trip
- Quality4.67
- Location4
- Amenities4.33
- Services3.33
- Price3.67
Discovery Island Kayak Tour
Review Scores
Закажете Патување
Tour Information
Max Guests
Min Age
Tour Location
Languages Support
Last Minute Понуди
Вила "Fiori"
1/2 Студио - Вила "Fiori"
Превоз Халкидики (I-крак)
1/3 Студио - Вила "Fiori"

Hungary

Singapore
